Ќе има ли драми во Хрватска: Македонија нема да може да игра со останатите во „Арена Загреб?“

Ситно броиме до почетокот на Европското првенство во Хрватска, шампионат од кој Македонија има големи очекувања.

Но денеска излезе шокантно соопштение во Хрватска, откако фирмата која е изведувач на работите на големата „Арена Загреб“ во главниот град на Хрватска, истакна дека може арената и да биде ставена под клуч за мечевите во кои игра и Македонија.

Компанијата Ингра испратила допис и известување до домаќинот организатор на ЕП, дека мечевите можеби и нема да се играат во оваа арена, а како причина се наведува долгот кој пред се Загреб, но и државата го имале кон нивната компанија.

Арената Загреб е скоро распродадена за натпреварите кои се играат во неа. Останувале уште само 500-тина влезници за полуфиналето и финалето, а во ракометната федерација на Хрватска останале во шок кога слушнале за ова.

Коментари

Популарно