Ново апсење: Осомничен фатен на прослава во скопски ресторан

Околу 1 часот по полноќ пред ресторан во градскиот парк во Скопје полицијата уапсила еден од петмината осомничени за настаните од 27 април за кои беше распишана меѓународна потерница, потврдуваат полициски извори.  Според информации на Сител тој вечерта бил на прослава во ресторанот, а на излегување кога ги забележал полицајците се обидел да избега, но набргу бил лишен од слобода. Потоа припадниците на МВР го однеле во полициската станица Кисела Вода од каде е префрлен во истражниот затвор во Шуто Оризари бидејќи кривичниот суд во декември му одреди 30 дена притвор. Неофицијално уапсениот изминатиот период се криел во град во внатрешноста.

Тој е од Автокоманда од каде се и останатите четворица кои не се достапни за органите и за кои има меѓународна потерница зошто истражните органи оцениле дека се надвор од државата.

Сите се сомничат дека на 27 април со фантомки на главата упаднале во собранието. За овој настан обнинителството води истражна постапка против вкупно 36 лица кои се товарат за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.  

Коментари

Популарно