(ВИДЕО) Жена се соблече топлес и го навредуваше Земан на гласачко место

За да го спречи чешкиот претседател, Милош Земан да гласа на претседателските избори жена се соблече топлес. 

На видеото кое го објавија чешките медиуми може да се види дека жената ја соблекува горната облека и започнува да извикува погрдни зборови на англиски јазик против Земан.

Го споменува Земан, но и рускиот претседател, Владимир Путин. 

Феминистичката група „Фемен“ од Украина соопшти дека идентитетот на жената е Ангелина Дијаш, која по потекло е од Украина. 

Земан го напуштил гласачкото место, по што повторно се вратил назад и го остварил своето право на глас.

Повеќе од осум милиони Чеси денеска и утре ќе излезат на вторите директни претседателски избори.

Во првиот круг граѓаните имаат избор помеѓу девет кандидати меѓу кои, според предизборните анкети, најголеми шанси освен Милош Земан, во евентуалниот втор круг има и долгогодишниот претседател на Академијата на науки на Чешка, Јиржи Драхош, кој се залага за влез на Чешка во еврозоната.

Резултатите од првиот круг ќе се објават утре. 

Коментари

Популарно