ФОТО: Купила фармерки по интернет - кога ја ставила раката во џеб и се згрозила од она што го допрела

Медицинската сестра Кристан Еванс нарачала преку интернет страницата „Nordstrom“ фармерки од брендот „Not Your Daughters Jeans“, а иако панталоните изгледале совршено, во џебот ја чекало изненадување.

Во џебот на фармерките кои ги платила 100 евра пронашла носена танга.

Се јавила во службата за корисници, но тие никогаш не и одговориле на повикот. На крајот одлучила на „Твитер“ да објави што се случило.

Како што обично и се случува, откако нејзината приказна излезе во јавност, „Nordstrom“ се извини и понудил замена, па објавиле дека истражуваат што всушност се случило.

Инаку, Кристин досега честно нарачувала преку оваа страница и немала вакви или слични проблеми.

Коментари

Популарно