Вујовиќ: Ќе го напуштам ракометот и ќе станам рудар!

Бронзената од последното светско ракометно првенство, репрезентацијата на Словенија не го почна првенството како што очекуваше. Падна пред македонските ракометари, а нивниот селектор Веселин Вујовиќ бесот го истури врз судиите.

„Честитки за Македонија, знам колку им значи оваа победа, знам колку македонскиот народ се радува на оваа победа. Тоа што сакам да го кажам е дека и по 45 години не ги научив правилата. На 80% од денешните настани не знаев што се суди. Имаше одлуки и на штета на Македонија и на штета на Словенија. Ако господата од ЕХФ и тие што ги анализираат натпреварите ова судење го сметаат за добро јас ќе размислам да се занимвавам со нешто друго. Размислувам да станам рудар, тоа ќе биде полесно отколку тренер“, изјави Веселин Вујовиќ по мечот.

Коментари

Популарно