Идеален секс за НЕА и НЕГО

Многу среќни парови тврдат дека сексот е „барометар на врската". Оние кои имаат проблем со тоа, не ги жалат парите за да го решат со помош на скапи совети од сексуални терапевти.

Повеќето луѓе сметаат дека совршениот секс подразбира ерупција на задоволство и повеќекратни оргазми, но вистината е многу поразлична од ваквите тврдења.

Експертот за емотивни врски и сексуален терапевт, Џејмс Прис, вели дека идеалната сексуална врска е многу помалку возбудлива од се' што пишува во специјализираните магазини или се прераскажува.

„На почетокот од врската, партнерите најпрво експериментираат, обидувајќи се да сфатат што е она што им се допаѓа и им создава обострано задовоство. Сексот еволуира со тек на време и станува подобар како што врската напредува. Така љубовниците се запознаваат и сфаќаат што е тоа што ги возбудува. Исто така, тие дознаваат и што е тоа што не им се допаѓа, за што фантазира партнерот и како да му ја предизвикаат сексуалната желба", вели Прис, пренесува „Daily Mail".

Времето поминато во врска и од најдобриот секс создава рутина, но тоа не треба да се доживее претерано трагично. Полека, но сигурно од квантитетот се издвојува квалитет, па сексот во совршените врски не мора да биде почест од два пати неделно.

„Дури и ако фреквенцијата на сексуалните односи се намалува, тоа не треба да се припишува како криза во врската или недостаток на привлечност. Врз фреквенцијата често влијаат и уморот кој доаѓа со долгото работно време, па многу од паровите не стигнуваат подалеку од галење пред телевизорот", вели Џејмс Прис.

Како една од причините за намалување на сексуалната активност, Џејмс го наведува фактот дека сексуалната желба кај двајцата партнери најчесто се појавува симултано. Ако некој од нив е нерасположен, тешко е да се очекува дека другиот партнер сеедно ќе ужива во сексот.

„Нормалниот сексуален живот не мора да значи било што што е претерано или пренагласено. Сепак, паровите би требало да одвојат доволно време за секс, бидејќи сепак тој е важен фактор за секојдневната среќа во врската", заклучува Прис.

Коментари

Популарно