(ВИДЕО) „Нема да се вратиме“ порачаа киднапираните девојчиња од Нигерија

Исламистичката екстремистичка група Боко харам од Нигерија објави видеоснимка на која наводно се гледаат дел од ученичките киднапирани пред речиси четири години.

Тие на снимката порачуваат дека никогаш повеќе нема да се вратат дома.

Во април 2014 година екстремистите киднапираа 276 девојчиња од училиште во Чибок, а се верува дека од нив околу 100 сè уште се заробени.

Повеќето биле принудени да се омажат за киднаперите, а неколку девојки на видеоснимката се прикажани со деца.

Агенцијата АП наведува дека припадниците на Боко харам честопати киднапираат девојчиња кои потоа ги користат за изведување самоубиствени напади, на североистокот на Нигерија.

Коментари

Популарно