Државата ќе не врати ДДВ по30.000 денари за секое семејство – еве што треба да направите

Околу 30.000 денари или 15% од платениот ДДВ на годишно ниво ќе се вратат на граѓните, вети СДСМ во предизборната кампања.

На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Ова значи дека во секое семејство, ако се пресмета на годишно ниво, ќе влегува плата плус од околу 30.000 денари.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Овој закон ќе започне како пилот проект на почетокот на 2018-та во неколку општини, додека за кратко време ќе се прошири и низ целата земја.

Коментари

Популарно