(ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА ИСТРАГАТА: Убиството на Оливер Ивановиќ е снимено со камери

На седиштето на Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда”, пред која вчера беше убиен Оливер Ивановиќ, имало поставено две камери за видео надзор, кои најверојатно го снимиле нападот. Косовската полиција ги превзела видеоснимки од безбедносните камери.

Недалеку местото на убиството, поточно нешто повеќе од еден километар одалеченост, полицијата пронајде запалено возило марка „Опел Астра”, со кое убиецот, најверојатно побегнал.

– Сите мерки се преземени, полицијата е на терен и го бара сторителот. Имаме одредени индиции да испратиме експертски извештај – рече регионалниот командант на косовската полиција, Жељко Бојиќ.

Полицијата сè уште ги определува мотивите за кои Ивановиќ беше ликвидиран. Она што е познато е дека кон него со огнено оружје е пукано пет пати.

– Имаше пет големи рани во градите, во горниот дел. Полицијата пронајде четири чаури, убиен е со „долга деветка“, вели извор од истрагата пишува српскиот весник „Правда“.

Главниот косовски обвинител, Шикри Сила, изјави дека двајца обвинители го испитувале убиството на Оливер Ивановиќ – Србин и Албанец, објави Танјуг.

– Убиството на Оливер Ивановиќ го испитува тим од двајца наши обвинители – Нијази Реџа и Јова Радовиќ, изјави Сила, додавајжи дека сè уште нема осомничени за убиството на Ивановиќ.

Српското обвинителство поднесе барање до Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Агенцијата за безбедност и информации да ги соберат потребните докази за извршено кривично дело тероризам, се вели во соопштението.

Ивановиќ го пронашла жена и веднаш повикала брза помош, а и неговите колеги од партијата кои биле во просториите на седиштето дошле на помош. Ивановиќ за кратко време им подлегна на повредите.

Телото на Ивановиќ ќе биде пренесено во Србија, а ќе биде погребано утре на Новите гробишта во Белград.

По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека е договорено да се испрати писмо до органите на Еулекс и Унмика со барање, државните органи на Србија да учествуваат во истрагата.

Лидерот на Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда” Оливер Ивановиќ беше убиен во Косовска Митровица вчера околу 8.15 часот.

Во Ивановиќ најпрво е пукано од далечина, а потоа напаѓачот му пришол и испукал уште еден куршум од блиску.

Коментари

Популарно