Дневен хороскоп

Овен 

Се чувствувате запоставено од страна на некој пријател, но не го чекајте тој да реагира, побарајте го вие. Потребна ви е релаксација од сите обврски, опуштете се со добра книга или филм.

Бик

Денот ќе ви биде исполнет, но, во попладневните часови ве очекува разделба со близок пријател. Наместо да бидете тажни посакајте му среќа и покажете му дека сте среќни за неговите успеси. Здравјето е во ред.

Близнаци

Денот ќе ви започне со некоја добра вест. Цел ден мислите ќе ви бидат на друго место, вашата отсутност ќе ја забележат и вашите претпоставени. Потрудете се да си ги исполните сите обврски што ви се предвидени.

Рак

Ќе ви недостасува љубов од најблиските, затоа покажете им вие колку ги сакате и таа веднаш ќе ви биде возвратена. По напорниот работен ден опуштете се и релаксирајте се со добар филм.

Лав

Постојано во вашите мисли ќе биде вашиот поранешен партнер, ќе мислите само на убавите мигови со него. Доколку сметате дека сега нешто би се променило, побарајте го. Проверете си ја вашата здравствена состојба.

Девица

Направете мала промена во животот не дозволувајте монотонијата да ви го одзема позитивното расположение. Кафе со стар пријател ќе ви дојде добро. Можни се болки во колената, затоа не се оптеретувајте.

Вага

Ќе бидете разочарани од некој ваш близок, кој наместо да ви помогне после побараната помош, само ќе ви направи уште поголем хаос во мислите. Можеби е време да се потпрете на себе и да ги преземете работите во свои раце.

Скорпија

Работите полека се подобруваат. Имајте трпение и сѐ ќе се врати во нормала. Денес е ден за забава. Дури и да не планирате да излезете, неочекувано ќе добиете понуда. Не пропуштајте ја, оваа вечер ќе се претвори во најдобрата вечер.

Стрелец

Имате голема количина на ентузијазам која ви помага и ве турка напред. Затоа денес потрудете се таа позитивност да ја пренесете и на другите околу вас. Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате, некои од нив може да бидат против ваша корист.

Јарец

Спомените и емоциите кои длабоко ги имавте закопано, може да ве изненадате денес. Овие чувства сега за сега можеби ќе ви изгледаат како неважни, но помислете малку и откријте зошто баш сега се потсетувате на нив.

Водолија

Ќе бидете среќни кога одредена сума на пари ќе стигне до вашите раце, па денес е вистинскиот ден за оној шопинг кој мислевте да го реализирате веќе цела недела. Во вечерните часови подгответе некој од вашите познати специјалитети и поканете ги пријателите.

Риби

Денот ќе ви започне со убава вест. Остатокот од денот искористете го за мал шопинг и мала прошетка. Постои голема можност во денешниот ден да запознаете некоја личност која ќе биде дел од вашата иднина.

Коментари

Популарно