Моја нога на Косово веќе нема да стапне: Исповед на сопругата на Оливер Ивановиќ

„Завршивме со Косово, веќе никогаш нема таму да се вратиме“ - ова го порача Милена Ивановиќ, сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, која вчера, во поворката на тагата, со посмртните останки на лидерот на косовските Срби, пристигна во Блеград. Селедејќи го сопругот до неговиот вечен дом, Милена рекла дека нејзиниот син и таа немаат повеќе што да бараат во градот, кој до вчера беше нивен дом.

-Моја нога повеќе нема да зачекори на Косово. Синот и јас завршивме со Косовска Митровица, градот на стравот, темнината и болката. Нашиот Оливер го даде животот, а кога молеше за помош, бараше заштита, никој немаше. Сега за него велат дека е херој, а каде беа тие што го величат кога ни беа најпотребни - во солзи зборувала Милена.

Таа нагласи дека сака само да биде поблиску до Оливер, а дека тој само во Белград повторно ќе биде спокоен.

-Се плашам за детето и себеси. На Косово ни досега не бевме безбедни, а тек сега сме мета. Ќе останеме во Белград за да бидеме поблиску до нашиот Оливер - изјавила Милена.

Мирослав Ивановиќ, открил дека малиот Богдан (7) се уште не знае дека останал без татко.

- Не знае уште дека Оливер е убиен. Размислуваме да му соопштиме. Знаеме дека би било паметно да го направиме тоа, но се уште не најдовме начин - рекол Мирослав.

Како што вели, детето допатувало со нив, но се уште не знаат дали че присуствува на погребот.

Зборувајќи за убиството Мирослав оценил дека станува збор за професионализам, што го докажуваат шесте рани во горниот дел на градниот кош.

- Очиглено е дека го чекале и дека знаеле дека доаѓа на работа - додал.

Мирослав открил дека целото семејство ќе живее во Белград, каде ќе биде погребан и Оливер.

Коментари

Популарно