Студено утро, но топол ден

Временска прогноза

По студеното  утро во текот на денот, поради продор на потопла воздушна маса од јужните географски широчини, ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој повремено на некои места ќе засилува по интензитет и токму ова ќе предизвика пораст на дневните температури на воздухот кои повторно ќе бидат над просекот, за овој зимски период од годината. Максимални дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а врнежи нема да има.

Коментари

Популарно