(ВИДЕО) Ужас на Копакабана – со автомобил газел луѓе по плажа, загина и осуммесечно бебе

Автомобил влетал на шеталиште во Рио, блиску плажата Копакабана, усмртил едно бебе и повредил 15 лица, соопштиле бразилските официјални лица.

На интернет објавени се вознемирувачки снимки од инцидентот, кој прикажува повредени луѓе лежат

на тротоар и песок.

Сведоците на инцидентот опишуваат дека “малцрн автомобил прелетал преку патеката за точаци” и се

забил во пешаците кои се нашле на плажата во Рио де Женеиро.

Возачот кој е приведен рекол дека имал епилептичен напад, а во автомобилот се пронајдени лекови за

епилепсија.

Полицијата потврдила дека во инцидентот загинало осуммесечно бебе, и дека нема доказ дека

инцидентот е поврзан со терористички напад.

Коментари

Популарно