По 18 години: Како изгледаат денес децата од серијата „Наше маало“

По 18 години , повторно се собраа хероите од нашето детство во зградата на Кармен. Со истата позитивна енергија како времето да не застанало, гордо потсетувајќи се на безгрижните денови кога се снимаше серијата.

Детската серија „Наше маало“ беше една од омилените на децата кои растеа кон крајот на ’80-те и почетокот на ’90-те години. Сите што ја гледале серијата се сеќаваат на другарството на Диме, Мали, Зана, Ице, Џелјан, Филиз, Бени и другите другарчиња од населбата „Пролет“. 

Повеќето од нив се сменети и непрепознатливи, но кога ја објавија фотографијата на социјалните мрежи многумина се запрашаа дали момците и девојките повторно ќе снимаат заедно или можеби нивната средба ќе поттикнат снимање на ново „Наше маало“ со други дечиња.

Коментари

Популарно