Родители со месеци ја силувале ќерка си: „Подобро ние отколку манијак“

Руски брачен пар од Волгоград неколку месеци ја силувал својата 12-годишна ќерка, велејќи, подобро да ја силуваат тие отколку некој манијак. Мажот и жена се обвинети дека повеќе пати ја силувале својата ќерка. Родителите се теретат и за силување и за педофилија, а ако бидат осудени ги чека казна затвор и до 20 години. Девојчето било жртва на сексуална тортура од декември 2016 година до март 2017 година. Таткото, чие име не е објавено, го силувал девојчето секој втор ден, а мајката е дополнително обвинета за сексуално малтретирање на детето со вештачки пенис” Мајката во полиција изјавила дека и самата била силувана кога имала 13 години и тврдела дека се договорила со сопругот „порано да ја научат за животот на возрасните“. Девојчето признало дека е силувано кога отишло на лекар заради проблеми со месечниот циклус, па нејзините родители ја признале злоупотребата. Тие тврделе дека за детето било подобро својата невиност да ја загуби со таткото, отколку да ги учи деталите за сексуалниот живот на друг начин. Нејзината баба и дедо живееле на ист кат со нив, но тие не знаеле што се случува, соопштила полицијата.

Коментари

Популарно