Червар му одговори на Борко: Само ме провоцира, не ми е важен!

Лино Червар мина само со парична казна од 3.000 евра за инцидентот со белорускиот ракометар. Хрватскиот тренер во финишот од натпреварот помеѓу Хрватска и Белорусија имаше контакт со ракометарот на противничката репрезентација, но ЕХФ му израчи само парична казна.

Шведските ракометари сметаат дека таков инцидент е доволен Лино Червар да биде исфрлен од Европското првенство. Еден од „викинзите“ вели дека вакво нешто лично му се случило со Червар два пати во кариерата.

„Мене тоа ми го има направено два пати на натпревар против Хрватска. За среќа тоа нас не ни значеше ништо резултатски. Јасно ми е дека тренерот е подготвен да направи многу работи за да победи, но сепак ова е премногу“, вели Џим Годфридсон.

„За таков нешто морате да бидете исфрлени од Европското првенство. Таквите работи немаат никаква врска со ракометот“, истакнува Матијас Захрисон.

Лино Червар, стратегот на Хрватска, одговори на изјавите на македонскиот голман Борко Ристовски кој започна вербална војна со тренерот и со голема доза на критика говореше за него пред македонските и хрватските новинари.

Лино и Борко се во „војна“ уште од периодот во Металург, а оганот го разгори неповикувањето на голманот во репрезентацијата на Македонија на СП во Франција, кога хрватскиот стратег ја водеше Македонија.

Борко по дуелот со Германија го нарече Червар „шарлатан“, потоа, за хрватски „24 сата“ го направи лом како никогаш досега, но Хрватот реши да не му реплицира долго и кажа дека – воопшто не му е важен.

„Сметам дека тоа е само провоцирање, ништо друго. Не ми е важен. Ова е обид да ми се наруши мирот. Сите кои ме познаваат мене и него, се знаат. Јас немам никаква потреба да зборувам за него“, изјави Червар пред новинарите.

Нареден дуел за Хрватска на ЕП е против Норвешка, а Лино потенцира дека неговиот фокус е комплетно на таа средба.

Коментари

Популарно