(ВИДЕО) Ципрас: Јас сум половина Македонец

Како што пренесува АНА-МПА, грчкиот премиер уверува дека ја почитува загриженоста, а особено чувствителните тонови на неговите сонародници во северна Грција.

„Јас сум половина Македонец“, изјавил тој во интервјуто.

„Сепак, ги повикувам мирно да размислат за она што го промовира националниот интерес, а што го поткопува. Немањето решение го поткопува. Во последните 25 години нашите соседи се признати како ‘Република Македонија’ од повеќе земји, додека ние се бориме насекаде да ги нарекуваат пЈРМ“.

Повеќе од 30.000 граѓани на Грција денеска излегоа на закажаните протести, кои ги организираа неколку грчки здруженија на Македонците под мотото „Македонија значи Грција“.

Овој протест се спрема веќе неколку денови, а низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат.

Во центарот на Солун  од вчера веќе се залепени плакати како најава за собирот,  на кои пишува „Македонија значи Грција“. Според организаторите, јавува дописникот на МИА од Атина, демонстрантите доаѓале со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција.

Коментари

Популарно