Ја избодел девојката со шрафцигер, ја избањал и спиел до неа!

„Ја убив Јосипа“ – кратко рекол Хрвоје Кнежевиќ (22) кога се јавил на мобилниот на мајката на неговата девојка.

Болната жена која моментално лежи во болницата во Загреб и чека операција, од претрпениот шок почнала да лелека и му рекла да повика итна помош и полиција, но Кнежевиќ само кратко и одговорил „Касно е сега за тоа“. Потоа се јавил и во полиција, се претставил и рекол дека направил ужасна работа.

Дека во куќата се случило страотно убиство, не знаеле соседите се до ноќта кога ја виделе полицијата. Младиот пар го познавале само површно, не се дружеле со никој посебно. Хрвоје го опишувале како недружељубив и чуден, а Јосипа како драга и љубезна девојка.

За разлика од соседите на кои тие им делувале како складна двојка, нејзините две сестри и мајката тврдат дека тоа е далеку од вистината.

– Тој имаше проблем со дрогата и неа ја вовлече во тоа. Сите знаевме дека е проблематичен и тоа го знаеше цел Грачац. И рековме да се тргне од него. Се обидувавме да ги разделиме на различни начини. Дури и сестрата година дена ја одведе во Загреб да се тргне од него, но тој не ја остави на мира. На крајот се врати кај него и отидоа да живеат во куќата во Модрич. Постојано се караа, ја тепаше и се обидувавме да ја спасиме од него. Тој се дрогираше, а најверојатно почна и таа да зема дрога, вели нејзината сестра Ивана.

– На неа се гледаше дека нешто не е во ред. Го смени однесувањето, стана агресивна и ладна. Нејзините сини очи не беа повеќе исти. Кога и јавивме дека мајката ни е болна, не покажа никави емоции, како тоа да не е таа, додала Ивана.

– Малку се знае за него овде. Како дете остана без татко кој е убиен шред 15 години во едно кафуле на јадранската магистрала по некаква кавга. Го поврзуваа со некаква дрога, поради што наводно од Грачац замина во Модрич. На полицијата и беше познат по ситните кражби и насилничкото однесување.

Трокатната куќа во која се случи злосторството е во сопственост на неговата мајка.

Веднаш потоа, полицијата од Обровац дошла пред неговата куќа во местото Модрич каде живеел парот и во станот на приземјето го пронашле мртвото тело на 21-годишната Јосипа Божиќ. Местото на злосторството било страотно, имало крв на сите страни.

Кнежевиќ немал милост. Според неофицијалните информации, се изживувал врз несреќната девојка, ја фрлал по кујниските елементи. По тепањето ја избодел. Иако се мислело дека ја избодел со нож, најверојатно оружјето бил шрафцигер.

Точното време на убиството ќе се знае по обдукцијата. Најверојатно Кнежевиќ Јосипа ја убил ден порано и потоа легнал да спие. Се до петокот вечер лежел во куќата покрај мртвата девојка. Наводно убиецот ја избањал во када и донел голема пластична кеса. Планирал да ја завитка и да ја сокрие. Сепак во меѓувреме се предомислил и се признал на нејзиното семејство, а потоа се предал на полицијата.

Коментари

Популарно