НЕ Е ГОТОВО: Кире ќе игра со Чешка и Данска!

И покрај утринските шпекулации од страна на ЕХФ преку нивните социјални мрежи дека Европското првенство за најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е завршено, сепак и тоа како отворена е можноста Македонија до крајот на шампионатот повторно да смета на својот капитен, пишува Екипа.мк.

Лазаров ги заврши деталните лекарски прегледи во Загреб, на повредениот мускул, по што, како што дознава Екипа.мк, првичните реакции се дека постои сериозна надеж дека ќе биде на располагање на селекторот Раул Гонзалез за последните два натпревари од групата во Вараждин.

Според последните информации, повредата на Лазаров сепак не е со тежина за каква првично се стравуваше поради што од РФМ веднаш се ангажирани врвни медицинска лица од регионот кои заедно со лекарскиот тим на македонската репрезентација ќе се обидат да го подготват капитенот за следните предизвици на ЕП.

Едно е јасно, денеска најверојатно нема да следи дефинитивна информација дали Кирил Лазаров ќе може да настапи против Чесите. Дали ќе биде на располагање на Раул Гонзалес дефинитивно се очекува да биде познато во текот на утрешниот ден, непосредно пред самиот натпревар со Чешка кој го играме од 20:30 часот во Вараждин.

Екипа.мк

Коментари

Популарно