ФОТО: Грчки медиум ја подели Р. Македонија на Србија, Албанија, Бугарија и Грција

"Решение е една граница со Србија", грчкиот весник "Елефтери ОРА", во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Инаку, овој грчки весник важи за близок близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии, објави карта за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Во поднасловот на текстот стои грчката химна за Македонија: Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ке бидеш грчка, најголемата гордост на секој грк, а ние грчките деца венец ти плетеме. Мекедонците не можат да живеат поробени, дури и да изгубат се сеуште ќе ја имаат нивната слобода. Дијамнтската круна на глава ставиј, и да те прогласиме Македонија пак. Грчките деца ти се радуваме, прво и вие во страдањата на цел свет влезете.

 

Она што посебно може да се забележи дека во овој весник пишуваат дека поголемиот дел од Македонија и припаѓала на Грција. Објавувањето на таква карта придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас е сериозна провокација за мирот во Балканот.

 

Коментари

Популарно