Скопските возачи револтирани: Ем стари ем се туркаат со велосипедите кај што не им е местото!

Возењето на велосипед, особено за повозрасните граѓани, може да биде фатално на скопските улици. Изнемоштени и без физичка кондиција неретко се случува тие да ја изгубат силата и нагло да свртат пред автомобилот и во опасност да го доведат својот и животот на возачот на автомобилот. Познавачите на состојбите велат дека една од причините е што главниот град секаде нема специјални патеки за возење на велосипед, па граѓаните се принудени да се туркаат со возачите на патиштата.

“Иако имам 68 години, многу сум активен и секој ден рекреативно по минимум 60 минути возам велосипед,па дури и во зима. Иако ги почитувам сите прописи, честопати возачите на автомобили ми замеруваат и ми дофрлуваат, нерпеливи се, а и ние како луѓе не сме научени на велосипедисти во сообраќајот и не знаеме како да реагираме на Слична е и приказната на 65-годишниот Н. Петковски од Пинтија кој редовно се вози на велосипед вели дека е принуден да го користи бидејќи не му стигнува пензијата за сите трошоци.

“Имам пријател во Драчево и кога сакам да го посетам одам со велосипед. Знам дека полека се движам во сообраќајот и често и ми свират со автомобилите, но немам пари за да трошам на автобус, а и вака се рекреирам”, истакнува Петковски.

Сепак, револтираните возачи на автомобили велат дека се при крај со нервите и потенцираат оти овој проблем мора да се реши со некаков закон или правилник.

“Се почесто има невнимателни постари луѓе на велосипеди, не почитуваат ниту знаци, ниту правила. Ем се стари ем се туркаат кај што не им е местото. Пред неколку години стојам на семафор и чекам да се запали зелено. Само што се вклучи јас се спремам за да тргнам и во тој момент пред мене прелетува постар човек на велосипед на пешачки. Недостасуваше малку за да го удрам, а тој ми се смешка преку прозорец и ми вика: Е кај се брзаш, чекај да поминам, постарите имаат предност!”, раскажа Никола Темелковски од Кисела Вода.

Според експертите за безбедност во сообраќајот, постарите граѓани што возат велосипеди дефинитивно може да се сметаат за небезбедни во сообраќајот поради намалената физичка способност.

Физичката способност на граѓаните за возење засега се проверува само кај возачите на моторни превозни средства. Ако возачот има 65 години тој мора да оди на лекарски преглед и докторите ќе одредат за колку време ќе му се продолжи возачката. Законот за безбедност предвидува таа да може да се продолжи најмногу за три години по што повторно ќе мора да одат на преглед,а за возраста на велосипедистите има ограничувања но само за долната граница, односно лицето што го управува да не биде помало од десет години.

Инаку, според податоците на МВР Скопје за билансот на загинати во сообраќајни несреќи во метрополата за минатата година имало вкупно 23 сообраќајни несреќи во кои загинале 24 лица.

„Во делот на повредени лица, во периодот од јануари до октомври 2017 година, бележиме намалување за 9% на бројот на лица кои биле тешко телесно повредени, додека бројот на лица со телесни повреди е намален за 2% во однос на истиот период 2016 година. Повеќето од незгодите се случиле надвор од населено место (на регионалните патишта Скопје-Велес, во близина на селото Ржаничино-Скопско и Скопје-ХЕЦ „Козјак"), додека критични улици во градската средина се булеварите „Борис Трајковски", „Кочо Рацин" и „Партизански Одреди", како и улиците во с.Арачиново, населба Илинден и селото Батинци", појаснуваат од МВР.

Коментари

Популарно