Лазаров сигурно ќе биде пријавен за мечот, но...

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров ноќта ја преспа во Загреб каде што се отиде на прегледи за по повредата на бутниот мускул на десната нога добиена на дуелот против Шпанија. По вчерашните прегледи ќе има и нови коишто се закажани за денеска кога ќе мора да биде направена магнетна резонанца. Дури по овој преглед ќе биде познато дали Лазаров ќе се најде на теренот или не.

Она што е јасно е дека Кирил Лазаров ќе биде меѓу 16 ракометари кои утре ќе играат на дуелот против Чешка. Тој ќе се најде меѓу играчите коишто ќе конкурираат за место, но останува неизвесно колку ќе може да помогне на теренот.

Секако останува да се види и тоа дали ќе биде потребно да ризикува за Македонија да може да обезбеди резултат со кој ќе оди по историја. Засега е јасно дека докторите ќе ја имаат последната одлука за неговиот настап. Останува тој да ги мине прегледите, па во зависност од резултатите коишто ќе бидат добиени ќе се знае и дали ќе може од болница директно да истрча на теренот во Арената во Вараждин.

Сите потајно се надеваат дека Лазаров ќе биде подготвен и ќе може да игра, но никој не смее да даде уште прогноза околу тоа какви ќе бидат резултатите од прегледите. Засега е јасно само дека Кире останува во Загреб и утре оди на нови прегледи и очекува да добие позитивни вести.

Коментари

Популарно