Од денеска нови цени на горивата

Регулаторна ги објави новите цени: Горивата поскапеа – дизелот отиде над 60 денари за литар

Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат за 1 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според регулаторот, дизелот од полноќ ја помина границата од 60 денари за литар и ќе се точи за 60,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 67,5 денари за литар а ЕУРОСУПЕР БС 98 69,5 денари.

За помалку од 6 месеци горивата поскапеа и за 14 денари по литар.

Коментари

Популарно