Јоци до Васиљ: Остана уште да ти стават вегета на глава, јабука во уста и да те турат на 220 степени во рерна

Порнаешната новинарка, Јорданка Ивановска - Јоци, на својот Фејсбу профил често ги изразува своите ставови за актуелните теми во Македонија. Овој пат таа реши да му посвети еден статус на Влатко Васиљ.

- И ова го напишал типусот Влатко Бјурек, кој, во Влада работеше 6 месеци без конкурс на измислено работно место "соц.мрежи", само затоа што го фалеше Заев на ФБ и Твитер, потоа го префрлија во Град Скопје како советник на Шилегов, па се слика во ЈСП автобуси по задача, а притоа појма немаме што го советува, дали влегол преку конкурс, какво школо има и колку плата зема за дудлање. 

Бјурекче, знаеш колку млади деца има, со школо и дипломи, кои би те замениле за час ? Купишта. Ама не дудлаат добро на Бихаќка, ко оние претходно на Грујо. Ама ќе гласаат "против" на следни избори. 

Остана уште да ти стават вегета на глава, јабука во уста и да те турат на 220 степени во рерна. Е, до толку си неупотреблив.

Коментари

Популарно