Владата ќе го менува Законот за референдум

Министерството за правда подготвува измени на законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Се предвидува законските измени да бидат донесени по скратена постапка, а  временската рамка за предлог-законот најверојатно треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.

Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со изборниот законик и со законот за судовите.

Досега во Македонија се одржани два референдума, за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

Коментари

Популарно