Социјална пензија за сите граѓани - еве колку пари месечно ќе исплаќа државата

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија која во овој момент е нешто повеќе од 13.000 денари. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост – стои во соопштението.

Коментари

Популарно