ВИДЕО: Вака ЛАЖЕ советникот во министерството финансии

Минатата година Бранимир Јовановиќ го критикуваше прагот од 1 милион денари годишно за станување даночен обврзник и плаќање ДДВ.

– Со тоа се оданочуваат оние што остваруваат мал промет т.е. сиромашните, со цел да се наполни буџетот, вели Јовановиќ во март минатата година.

Оваа година бранејќи ја одлуката физичките лица кои остваруваат промет над 1 милион денари да плаќаат ДДВ изјави дека тие спаѓаат во најбогатите 1 отсто од граѓаните.

– Нема никаква промена во изминатиов период. Со оваа обврска не се даночат сиромашните, туку најбогатите 1 процент од луѓето, вели Јовановиќ сега.

Тој во неговата изјава дадена оваа година исто така истакна дека целта на мерката не е прибирање пари за буџетот, иако лани го тврдеше спротивното.

Коментари

Популарно