Спонзорот на Лазаров откри дали капитенот ќе настапи против Чешка

Спонзорот на Кире Лазаров, кој е технички спонзор и на нашата репрезентација, „Хумел“ на својата официјална фејсбук страница посвети пост за нашиот капитен и откри дека тој вечерва нема да биде на располагање на селекторот Раул Гонзалез.

„За жал, капитенот на македонската ракометна репрезентација е повреден и нема да игра вечерва во мечот помеѓу Македонија и Чешка. Се надеваме дека во најбрзо време ќе го видиме назад на терените“, напишаа од „Хумел“.

Неиграњето на Кире Лазаров на вечерашниот натпревар дефинитивно ќе биде огромен хендикеп за нашата репрезентација, но момците ќе мораат да дадат се од себе да ја совладаат Чешка, па Кире, сакал нејќел, ќе мора да стисне заби и да даде се од себе за утрешниот меч против Данска.

Инаку, „Хумел“ направи акција со која сака да го доближи своето заштитно лице, Кире Лазаров до навивачите, па им даде можност преку опцијата „Прашања и одговори“ да дознаат повеќе за нашиот капитен.

„Со повеќе од 1.000 голови, Кире Лазаров важи за еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Но, кој е идолот на Лазаров и која е најдобрата работа околу големите натпреварувања?...“, пишува во остатокот од постот на „Хумел“.

Коментари

Популарно