(ФОТО) „Изгледа очајно и ноктите му се одвратни“ - Сергеј се сликал со холивудскиот актер и предизвика војна на Инстаграм

Познатиот српски актер Сергеј Трифуноиќ објави фотографија на својот Инстаграм профил и предизвика општ хаос на друштвените мрежи, па следбениците го „нападнаа“ со бројни коментари. Актерот сподели фотографија со холивудската ѕвезда Мики Рурк кој сега изгледа целосно непрепознатливо.

„За мене и понатаму ќе остане Убавиот Џони“ - напишал Сергеј во опис на фотографијата, но неговите фанови не се сложиле.

„На што личи? А, некогаш беше фаца“, „Прво што видов на фотографијата беа ноктите кои се одвратни“, „Јас на неговот место би ги искршила сите огледала на кои ќе наидам“ - биле само некои од бројните коментари кои не престанале да пристигнуваат на фотографијата.

Еве како холивудскиот актер игледал во младоста:

 

He’s still Johny Handsome to me.

A post shared by Sergej (@dick_whistler) on

Коментари

Популарно