(ВИДЕО) Татко без срце: Камера снимила маж како фрла новородено бебе во контејнер !

Во Кина еден татко фрлил новородено бебе во контејнер, наводно, затоа што мислел дека е неизлечиво болна.

Шокантниот настан се случил минатиот понеделник во кинескиот град Сунавеј, а таткото бил фатен благодарение на тоа што камерата го снимила на дело.

На снимката се гледа како маж во црвена маица носи нешто во рацете, а во следниот момент го фрла во контејнерот. Потоа ги става рацете во џебовите и полека заминува, како ништо да не се случило.

Бебето го пронашла постара жена, го замотала во ќебе и ја известила полицијата, која ги прегледала снимките и брзо ги пронашла родителите.

Во текот на сослушувањето дознале дека мајката била во осмиот месец од бременоста кога девојчето се родило, а пред тоа ниеднаш не била на преглед, известуваат британските медиуми, повикувајќи се на информативниот портал “Јунан Дејли”.

Таткото раскажал дека неговата девојка се пожалила на болки во стомакот, и кратко потоа родила дете во дневната соба.

Тој новороденчето го ставил на кревет и се погрижил за својата девојка, соопштила полицијата.

Дури два часа подоцна го погледнал бебето, кое било помодрено, па заклучил дека е неизлечиво болна и дека нема да преживее.

Лекарите, меѓутоа, констатирале дека бебето е здраво, па по деталниот преглед ќе биде доверено на надлежните установи.

Коментари

Популарно