(ВИДЕО+ФОТО) Сестрите Кардашиан во секси фото сесија и по долна еротска облека

Сестрите Кардашиан учествуваа во ново видео за рекламната кампања на Calvin Klein – Our Family (Нашето семејство). Девојките се појавија пред камерите во долна облека и тесни фармерки.

Новата колекција е на познатиот дизајнер на брендот Раф Симонс, кој сака да ја искористи темата „Америка“ во своите дела. Затоа новата кампања се одвива во импровизирана штала.

„Со моите сестри постојано комуницираме едни со други. Дефинитивно сме модерно американско семејство и Келвин Клајн успеа да го реализира духот на Америка“, изјави Кортни Кардашиан.

Забележуваме дека и бремената Кајли, која е најмладата претставничката на славното семејство, учествува во фото сесијата. На сите слики 20-годишното девојче го крие стомакот под кебето.

Коментари

Популарно