ВИДЕО: За неа се разведувале, а фирми банкротирале

Она што била за нејзиното време, ретко која пејачка успеала да го постигне некогаш.
Мажите трчале околу неа, а настапите во кафеаните биле почести од фудбалски натпревари.

Софка Николиќ била ѕвезда на предвоената Југославија.

Родена е во 1907 година во Табановиќи, во близина на Шабац. Како млада жена таа почнала да пее и ја освоила публиката низ целата земја за многу кратко време. Пред белградската публика, за првпат настапила со 20 години во кафулето "Бумскелер". Заработувала неверојанти износи за вечер, но тоа не беше нејзиниот единствен успех.

 

Вртоглавата слава започнува кога ги објавува едни од нејзините најголеми хитови "Цојле Манојле" и "Колика е Јахорина планина". Понудите за пеење се нижеле, пеела речиси секоја вечер и снимила неверојатни 55 плочи за една година и половина. Нејзиниот глас се слушнал во многу европски земји - од Будимпешта, преку Виена и Берлин до Париз.

Нејзиниот приватен живот беше интересен за многумина. Новинарите ја следеле насекаде. Фирмите организирано доаѓале на нејзините настапи и пеела дури и 10 пати и повеќе истите песни.

Таа била, исто така, фатална за мажите кои се разведоа поради неа, верувајќи дека ќе бидат со неа.

Се почна да и се урива кога починала нејзината ќерка во 1936 година. Таа самата истакна дека го уништила својот живот. Потоа се пензионирала во Бијељина, каде што живеела со нејзината мајка. На почетокот на шестата деценија од минатиот век се враќа во Белград, каде што настапувала во кафеани, но тоа беше само бледата сенка на една стара ѕвезда. Починала во Дом за страи лица во Бања Ковиљаца во 1982 година, а еден сокак во Бијељина го носи нејзиното име.

Коментари

Популарно