Ако не си љубоморна, тогаш не го сакаш

Ако не му забележуваш за секоја познаничка, тогаш не го сакаш. Ако немаш негова шифра од фејс и не му го проверуваш панично телефонот, не ти е до него.

Ма нема потреба, можам да го сакам и да не сум љубоморна. На крајот на краиштата, секој љубоморен испад зборува за несигурноста на лицето кое го прави. Тоа што не следам сè што правиш, и не проверувам, значи само едно нешто. Јас ти верувам, и ако е така, тогаш не гледам потреба за паника.

Но, не, не можеш да го кажеш тоа тука. Ако го сакаш покажи. Скокај околу него и сврти му вниманида случајно не му падне друга женапред очи. Реално гледано, тоа е смешно. Седите во локал и ти за секоја која ќе го погледне, велиш: “Која ти е оваа.”

Листаш по насловните страни ивоочуваш дека лајкнал на некои жени и тогаш е логично и ти да прашаш зошто¬? Порано тоа бил погледот, денеска лајкот. Која е таа што толку ѝ ги лајкуваш сликите? Уште ако енекоја поранешна, катастрофа. Аха. Сега треба да се следи, но на многу суптилен начин преку други луѓе, кои се преправаат дека сакаат да се дружат со неа.

Кафе со пријателка е табу тема, но од кај му се сега пријателкиве? Реално човеков има луѓе околу себе, некои од нив се и жени, и глеј чудо и тие се луѓе. И уште поголемо чудо не скокаат врз него барајќи секс, внимание и друштво. Можно е дека навистина пијат кафе, но додека тој се обидува да објасни што се случува, ти веќе имаш стотина сценарија за тоа што можело да се случи. Тојвеќе на стартот е виновен што е машко, а не се сите машки исти.

Колку повеќе ќеооставиш простор некому, толку повеќе го имаш. Со секој љубоморен испад всушност ја задушуваш врската која можеда биде нормална, ако ги немало твоите абнормални испади. Едноставно е. Верувај во себе, а потоа и во него, за да сфатиш дека не е секоја жена твоја конкуренција. Па, вие сте се избрале за пар и тоа доволно говори за вашата подготвеност да се посветите еден на друг.

Дали веруваш дека секоја жена може да ти се закани?

Љубомората не е одраз на љубовта, туку е болест. Таа е проблем на чие решавање се работи, а никако не е повод за титула на човек кој искрено сака, бидејќи тоа што го правите не е љубов. Тоа е создавање притисок врз човек кој има свој живот и покрај вас, а кој не мора и не треба да ви полага сметки за било што и да е. Што сега тоа би требало да значи дека никој не стои и не зборува со лице од другиот пол, бидејќи е во врска, во брак? Што ќе прават луѓето на работа, во маркетите,на шалтер? Ќе ги затвораат очите пред да им се појави некоја жена оред очи.

Ајде да ја промениме малку перспективата

Колку сам си веруваш? Дали си сигурна во својата врска која ја имаш со него? Дали сакаш да имаш пријатели, кои ти биле дел од животот и пред него? Тоа е логично. Овозможи му го и нему истото. Впрочем немаш што да овозможуваш, едноставно не го запирај и не му попречувај на човекот да живее. Спореди го тоа со држење на песок во раката. Колку повеќе го стискаш тој ќе најде начин да ти падне од рацете, додека држејќи го на дланка без притисок можеш да го задржиш подолго. Дај му простор на партнеротда има живот за кој не треба да бара оправдување.

Тоа што не го прашувам која е оваа, онаа или сите оние кои те гледаат со кои се дружиш или слушаш не значи дека не те сакам. Значи прво се сакам себеси и доволно сум свесна за тоа што имаме. Ако веруваш дека некаде постои нешто што го сакаш повеќе, јас тоа нема да го спречам тоа, бидејќи порано или подоцна би нашол начин до тоа да дојдеш. Затоа не го сфаќам општеството во кое патолошкото однесување е одраз на љубовта. Лесно е од едно безопасно да нарасте големо чудовиште кое ве голта тебе и него одвнатре. А подоцна ја јаде и вашата врска која станува нестабилна во моментот на првото сомневање.

Верувај си себеси, а потоа пронајди начин да имаш доверба и во него. Единствено на тој начин ќе биде сеедно која е таа на која ѝ лајкува слики на Фејсбук, која ја поздравува во град или пие кафе со неа од време на време. Таа не е конкуренција на она што сте изградиле заедно. Затоа, љубомората не треба да стане конкурентна на вашата љубов, која не се мери натој начин.

Коментари

Популарно