(ВИДЕО) Цела Босна шокирана: За што ги спрема ова исламистичко здружение овие деца

Снимката што се појави на Јутјуб под назив „Аскери Зимски камп 2018“, на која се гледа како деца од различни возрасти учат за исламот, но и прават различни вежби предизвика големи реакции во Босна и Херцеговина, но и во регионот. – Сериозно пристапивме, проверуваме, дадов наредба што е можно побрзо да ни се достават сите можни информации. По првата проверка, постојат индикативни работи, бидејќи лица од криминално миље се наоѓаат во врвот на Здружението, па се сомневам во нивните добри намери, изјави министерот за безбедност на БиХ, Драган Мекиќ. „Државната агенција за истраги и заштита располага со одредени оперативни сознанија за Здружението `Аскер“, врз основа на кои се спроведуваат одредени активности, па во овој момент не сме во можност да доставиме повеќе информации“, наведуваат од СИПА за Н1.

– Исламската заедница во Б и Х нема официјални информации за тоа дека Здружението Аскер организира верско подучување, ниту тие побарале согласност или мислење од Исламската заедница во БиХ, се наведува во реакцијата од Канцеларијата за односи со јавност на Ријасетот на Исламската заедница во БиХ.

Општинскиот совет на Усура, во чија близина е стациониран кампот побара да се истражат сите околности, со оглед на тоа дека објавувањето на видео записот на кој деца и млади во придружба на вехабии се обучуваат во кампот, „внело голема вознемиреност и предизвикало реакции меѓу граѓаните на општина Усура поради можното нарушување на безбедносната ситуација и усложнување на меѓународните односи“.

– Ги учиме децата на боречки вештини иако се мали за да почуствуваат дека телото им е силно. Воедно го јакнеме и нивниот дух. Ги подготвуваме за времето кога ќе се осамостојат и кога ќе им биде потребна силата на телото и духот, изјави за ТВ Сараево претседателот на Здружението за развој на политички и физички карактеристики „Аскер“ Енвер Хебибовиќ.

– Некому пречи тоа што децата се верски освестени, што не се срамат од тоа што се муслимани, тоа што клањаат, што признаваат дека Алах им е господар. Тие деца сигурно никому не сакаат зло. Тие се тука на доброволна база. Тие ќе пораснат во комплетни личности, кои можеби ќе бидат опасност само за злонамерните луѓе, кои спроведуваат свои планови, истакна Хебибовиќ.

На сервисот Јутјуб е објавено 20-минтуно видео за обука на 30-тина деца, повеќето на возраст до 14 години, кои кон крајот на јануари го посетувале „зимскиот камп“, организиран од вехабистичкото здружение Аскер. Дел од медиумите во Сараево наведуваат дека станува збор за редовен тренинг на деца, но медиумите на хравстски и српски јазик во Б и Х пишуваат дека сето тоа потсетува на воена обука со верска, исламска индоктринацијa.

Коментари

Популарно