Професорка Груевска-Маџоска: Лажевте за Македонскиот јазик

Во Стратегијата на Министерството за култура 2018-2020 ниту еднаш не е споменат македонскиот јазик. Професорките кои изминатиот период се на браникот на македонскиот јазик и против спорниот закон за употреба на јазиците, го повикуваат министерството и професорите поддржувачи на СДСМ да објаснат што се случува.

„Не што зборот не е збор, туку лажевте! Во Стратегијата на Министерството за култура 2018-2020 на 49 страници ниту еднаш не е спомнат македонскиот јазик! Какви фондови, каква афирмација! Ајде сега нека излезе проф. Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик при Министерството за култура, кој држеше прес-конференции за мерките за афирмација на македонскиот јазик и нека објасни зошто ги нема! Исто како што и во Буџетот за 2018 година нема еден денар за македонскиот јазик! Срам да ви е!“, вели професорката од Институтот по македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска.

Целосната „Стратегија на Министерството за култура 2018-2020 година“ можете да ја прочитате ТУКА

Коментари

Популарно