Ова е Александар Миновски, дечкото што загина на Кајмакчалан, во 2016-та го освои Мон Блан

Групата била составена од 50 планинари кога тргнале кон искачување на врвот Кајмакчалан. Александар Миновски е момчето кое вчера заедно со Калина Велевска беше пронајден мртов на планината Кајмакчалан Групата планинари откако ја преминале грчката граница, забележале дека парот не е со нив и пријавиле во полиција. Наредниот ден беа пронајдени нивните безживотни тела. Александар Миновски од Скопје е долгогодишен планинар, кој има искачено многу врвови, не само во Македонија туку и низ Европа. Планините беа негова животна страст. На 6.7.2016 година, во утринските часови, мешана планинарска екипа, водена од ПК „Македон“, успешно се искачи на највисокиот врв на Алпите, Мон Блан, 4.810 н.м.в. Меѓу нив беше и Александар, кој за порталот „Точка“ напиша патопис во кој го опишува искачувањето на врвот. – Пред самото поаѓање ги местиме дерезите, цепинот и челната ламба.

Времето е генерално мирно, покрај слабиот ветер. Имаме среќа да бидеме единствените што тоа утро поаѓаат од Гонела кон врвот и со тоа да бидеме сами со планината. По неколку часа одење, температурата се симнува до -15 Целзиусови степени и заморот се интензивира. Околу 6 часот сонцето почнува да зрачи. Преостануваат уште околу 500 м висинско растојание до врвот Мон Блан. Конечно!

Слика на тимот од врвот Мон Блан. Пауза од 15 минути и полека го почнуваме спуштањето кон Шамони. Спуштањето оди за нијанса побрзо од качувањето, но бара и поголема претпазливост и концентрација – е дел од патописот на Александар даден за „Точка“, каде ја раскажува експедицијата за Мон Блан.

Коментари

Популарно