(ВИДЕО+ФОТО 18+) 19-годишниот убиец од Флорида бил манијак за оружје, еве што е криел во својот дом

19-годишниот Николас Круз, кој пукаше во училиште во американскиот град Паркленд, Флорида и уби 17 лица, бил опседнат со оружјето. Момчето дома чувал цел арсенал во разновидно оружје. Интернет корисници откриле во неговиот профил на Инстаграм повеќе негови слики со оружје. Во моментов неговиот профил е затворен.

На кадрите, објавени од поранешниот ученик гледаме полуавтоматска пушка AR-15. Таа е можеби најраспространетото оружје за “цивилна” употреба во САД. Снимано е и друго оружје.

Младиот маж ставил слики и на целите на кои тој пукал.

Инаку, 19-годишниот Николас упадна во гимназијата и го активирал противпожарната систем за да истера ученици во ходниците и да убие што е можно повеќе од нив. Бил вооружен со полуавтоматска пушка и носел неколку полнења со куршуми. Во сериозниот инцидентот загинаа 17 лица. Истиот е бројот и на повредените. Убиецот е уапсен. Неговите мотиви во моментот се непознати. Според податоците на CNN, убиецот арсеналот со оружје го купил уште минатата година. Тинејџерот беспрекорно ја поминал проверката која во САД се прави кога приватно лице купува оружје. Полицајците при рација во домот на Круз, претресле и неколку други адреси. Денес момчето ќе биде изведено пред суд. Според истражување на слики и други материјали полицајците процениле дека Никълас Круз е склон кон насилство.

Коментари

Популарно