ВИДЕО: Кога го виделе ехото, веднаш ја однеле на операција!

Пензионерката во центарот за кардио-васкуларни болести во Републичката клиника “Николај Семашко” пристигнала во почетокот на декември, се наведува на сајтот на медицинската установа.

На пациентката и била пружена цела потребна помош и нејзината состојба по лечењето била стабилна, но останале непознати причините за повишената телесна температура. Тогаш е направена гастроскопија, како би се проверила можна анемија.

Лекарката Ирина Голишева, утврдила дека грлото на пациентката е во идеална состојба, но затоа ендоскопот открил неочекуван состав во желудникот. Во него се наоѓале голема количина на страни тела.

Жената има 74, а од нејзиниот желудник хирурзите извадиле повеќе од 150 клинци и шрафови.

Пациентката не можела да објасни како клинците и шрафовите се нашле во нејзиниот желудник, бидејќи по мозочниот удар не можела добро да говори.

Според зборовите на нејзините роднини, таа имала и психичко пореметување.

Коментари

Популарно