Тамара го откачи менаџерот Васко Горила

Поп-пејачката Тамара Тодевска ја прекина соработката со нејзиниот менаџер Васко Павлевски од „Горила продукција“. Таа револтирана јавно го откачи на својот фејсбук-профил.

-Морам да ви соопштам дека повеќе не работам со дотичниот Васко Павлевски, и дека после долга борба и со надеж дека нешто таму ќе се промени. Тоа излезе невозможна мисија. Повторно тие од коишто живее, ги остава на цедило за да може прво своите проблеми да си ги реши. Од сега ќе ве замолам за што било да ме барате лично мене, додека не се најде некој чесен нормален човек со кој би можела да функционирам во иднина, напишала Тамара.

Таа ги предупреди и остананите, вели, малкумината нејзини колеги кои останаа да работат со него, да отворат 16 очи, оти „се работи за човек без тронка совест“, додава поп-пејачката.

Коментари

Популарно