ЛАГА Е: Заев не преговара за промена на името на Македонија

Иако, мислам дека се е кажано, со опасност дека ќе напишам нешто за што веќе сум пишувал јас, или било напишано од некој друг, сепак и оваа недела решив да пишувам за преговорите со Грција за менување на нашето име.

Циркузот со промената на името продолжува. Секој ден доаѓа по некоја изјава на играчите од трите страни. Грчката не ги менува позициите. Меѓународната која не тапка по рамо. И (би рекол нашата, ама не  ја чувствувам за своја) онаа на Владата на Р. Македонија, во која на чело е Зоран Заев. Премиерот од кој, без да гласам за него, се срамам. Јасно ми е дека околу него е изграден мит и има клан на верни следбеници, кои наликуваат на секташи, но овој текст секако не е за нив. Тие нека си го читаат Геровски и нека се ложат на молитвите кон „другар Заев“. Јас ќе пишувам за оние на кои верноста кон државата им е поважна и посилна од верноста кон партијата или „сектата“.

Ликов од Струмица, кој пред не полна година ни стана премиер, освен што секој ден ни кажува дека нема што да ни каже за преговорите со Грција, од време на време знае да истресе по некоја глупост, која во следните неколку дена неговиот ПР тим треба да ја измазни. Но, ако се вратиме на неговите слични изјави од времето кога беше само претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица и кога тргна кон ветеното од „бог“ премиерско место, ќе сфатиме дека тоа воопшто и не се глупости. Заев уште пред 5 годиини изјави дека треба да ја свиткаме кичмата и ете ни се случува. Рече дека ќе бркаат од работа и чистачки за да вработат свои луѓе и ете се случува. Вети двојазичност и ете. Рече дека и во Струмица ќе се зборува Албански. Рече дека ќе не смири со соседите, ок не ја кажа цената, ама ете и тоа се случи. Пред не полн месец рече дека „НИЕ“ немаме црвени линии во спорот со Грција за нашето име, за пред некој ден да каже дека „НИЕ“ прифаќаме име со географска одредница. Кои се „НИЕ“ не кажа, но запомнете тој е премиер на Р. Македонија. Пред неколку дена во Турција кажа дека за „НАС“ е прифатливо име кое е профатливо за НАТО и ЕУ. Ако сето ова се собере, Заев јасно кажа, дека тој и неговата влада што ја преставуваат Македонија во преговорите воопшто НЕ ПРЕГОВАРААТ. Во преговорите со Грција има две страни, но Македонија не е на масата. Слично како и во Букурешт пред стотина години, така и овој пат, за нашата историја, сегашност и иднина преговараат други. Да беше поинаку, Заев ќе мораше да има црвени линии. Ќе мораше да има барања и подршка од народот во сопствената држава но, тоа не е така. На преговарачаката маса, од едната страна седат преставници на Грција, а од другата страна преставници за меѓународната заедница. Токму затоа „за НАС е прифатливо име кое е прифатливо за ЕУ и НАТО“. „НАС“ секако не е народот во Македонија, туку Заев и другарчињата кои токму меѓународната заедница ги донесе на власт во Македонија. Предупредував јас, предупредуваа и други, дека ако добиеме власт која е донесена на чело на државата од меѓународен фактор, таа (власт) ќе ги застапува интересите токму на меѓународната. Овие интереси можеби во дел ќе се поклопат со интересите на дел од народот, но тоа е само случајност и нема никаква врска со демократија. „Бог“ го „црпна“ Заев од Струмица и го постави за премиер на Македонија. Сега Заев му должи на „бог“ и ќе направи се за да му удоволи. Секако, неговиот „бог“ и оној во кој јас верувам се различни. Јас се молам во црква и не верувам во земни „богови“, тој се моли пред меѓунардонита заедница и нивните преставници. Од таму и онаа изјава дека „бог“ сакал тој и Ципрас да бидат премиери во исто време за да го решат прашањето со името, добива друга смисла. Реална, практична и секако ужасна за НАС. Оние вистинските НАС – НАРОДОТ!

Дали Заев ќе успее да му се оддолжи на неговиот „бог“ кој од нива го направи премиер или заедно со својата секта ќе ја плати цената на богохулието, ќе зависи на крајот од НАС. Од оние кои сега никој не ги прашува ништо и на кои им се сервираат лажни анкети за поддршка и лажни ветувања за рај доколку го смениме името. Што и да се случи, ви ветувам, избор ќе имаме, затоа што „богот“ на Заев не е Бог, ниту Зоран е „црпнат“ да решава нешто. На крајот народот ќе реши. Секој еден од нас. До тогаш ќе си гледаме циркузи и ќе го чекаме нашиот момент.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно