КОНЕЧНО: Македонија и Германија постигнаа договор за признавање на возачките дозволи

Македонија и Германија постигнале договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, објави Дојче Веле.

Отстранети се последните пречки, и со тоа, Македонските државјани кои живеат или работат во Германија ќе можат да ги заменат своите матични возачки дозволи за Германски.

Тоа е особено важно како за Македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и за оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.

Коментари

Популарно