ФОТО: Дуа Липа го честиташе денот на независноста на Косово

Една од најпопуларните поп-пејачки во светот, Дуа Липа, на Инстаграм го честиташе Денот на независноста на Косово. Британската по-ѕвезда, сопственик на мега хитот „New rules“, која по потекло е од Приштина, во главниот град на Косово живеела до својата 15. година.

„Среќен роденден Косово. Се надевам дека заедно ќе прославиме многу годишнини. Пријатно време на овој прекрасен ден. Горда сум што сум Албанка. Се гледаме подоцна оваа година“, пишува Дуа.

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Објавата на 22-годишната пејачка предизвика вистинска бура од коментари од нејзините српски обожаватели кои ја осудија Липа за оваа објава.

Инаку, се појавија шпекулации зошто Дуа Липа нема да пее на прославата на денот на независноста на Косово, а тоа ќе го стори нејзината колешка Рита Ора. Имено, според некои информации, Липа за настапот на прославата побарала дури 200.000 евра.

Нејзината колешка Рита Ора, која исто така е од Приштина, се сложила да одржи бесплатен концерт на плоштадот „Мајка Тереза“ ​​во Приштина вечерва.

„Горда сум што сум родена во Приштина и прославувам една деценија од независноста", објави Рита на Инстаграм.

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Коментари

Популарно