Ги прегазил со возило, па пукал со пиштол!

Четири лица се повредени во инцидент што попладнево се случи  во Бутел на улицата „Бетовенова“.

Од министерството за внатрешни работи велат дека во 14.50 часот дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

„Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д. На лице место е пронајден пиштол и две чаури. Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир“, велат од МВР.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно