ФОТО: Перо Камиказа се набилда, па се соблече на ФБ

Поранешниот актер, и член на легендарната музичка група „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа, на Фејсбук објави фотографија од теретаната каде вежбал, на која е разголем до папокот.

Камиказа под фотографијата наведе дека неговото мускулесто тело е резултат на многу сланина, јајца, урда, сарми, помалку трчање.

„Многу сланина, јајца, урда, сарма, помалку трчање, и оп 92 кила. Од утре пост, повеќе трчање, помалку кила. Духовно и телесно прочистување. Да сте живи и здраави. Вегани од утре сум од ваша“, напиша Камиказа на објавената фотографија.

Коментари

Популарно