ФОТО+ВИДЕО: Тепачка на трибинити на финалето на Купот меѓу МЗТ и Работнички

На стартот од финалето на Купот на Македонија меѓу МЗТ Скопје и Работнички, по само неколку минути игра, кога во салата влегоа навивачите на Работнички, популарните „Сити Парк Бојс“, одеднаш стана мешаница кај нивниот дел од трибината и сите помислија дека тепачката е помеѓу нив и нивните ривали „Фемили Аеродром“. Но...

Скопските навивачи беа нападнати од кавадаречките ултраси наречени „Лозари“, поради тоа што „бојсите“ им го собрале едно од ударните знамиња, што во навивачкиот свет е огромно понижување. За срамот да биде поголем - некој од кавадаречките фанови при бегањето останал и без патиките. Социјалните мрежи вријат од сеир спрема „Лозари“, а кој ќе биде нивниот следен чекор, ќе видиме веројатно на првиот меч на нивниот Фени со Работнички.

Коментари

Популарно