Диета со гумени бомбони: Јадете повеќе и губете килограми!

Адријан Џенсон автор на книгата “Исхрана со гумени мечки – губење на тежината со љубовта на мечињата” тврди дека конзумирањето на гумените мечиња пред секој оброк му помогнало да изгуби осум килограми за 3 месеци.

Се започнало кога Адријан се чувствувал гладен пред ручекот и решил да изеде неколку гумени бонбони, а тие во стомакот дејствуваат како сунѓер. Па затоа доколку во организмот внесете и многу вода заедно со бонбоните ќе го зголемите нивниот волумен двојно.

Со самото тоа желудникот ќе Ви биде полн и потребата за храна ќе се намали. Покрај тоа, гумените мечиња содржат и амино киселини кои на телото му се потребни за да изгради мускули, а со поттикнување на овие процеси, телото троши одредена количина калории.

Но не е се така едноставно.

Сепак, Адријан предупредува дека бескрајната конзумација на гумените мечиња и слабеењето нема да функционира. Тој препорачува конзумирање на гумени бонбони според Вашата тежина. Пример кој има тежина од 60 кг смее да изеде максимум 60 грама гумени бонбони пред оброк.

Според оние кои што веќе ја пробале диетава, точно е дека има резултати, но мора да конзумирате гумени бонбони кои што во себе содржат многу малку шеќер.

Коментари

Популарно