Го натерала сопругот да се ожени со најдобрата пријателка, бидејќи и дијагностицирале рак, но....

35 годишната мајка на две деца, Махтаб, добила дијагноза дека е болна од рак, па му кажала на сопругот да се ожени со нејзната најдобра пријателка пред да умре.

Новата сопруга набрзо останала бремена, а веднаш потоа се утврдило дека на првата сопруга и била згрешена дијагнозата.

Таа веднаш побарала од семејниот суд, да го присили нејзиниот сопруг Мухамед, да се разведе од неговата нова сопруга, но тој не сакал.

Таа тврди дека го сакала најдоброто за своето семејство, а сега според неа време е втората сопруга да си замине.

Со ваков па и сличен случај иранските адвокати се немале сретнато.

Мухамед кажал дека не сакал да се ожени со нејзината другарка, но инсистирајќи на Махтаб тој прифатил, а сега вели дека не сака бремена жена да остави на улица.

Тој се согласува да живее и со двете жени, а тоа според исламскиот ирански семеен закон е можно, но неговата прва сопруга не го сака тоа.

Судијата Бехрис Мохадшери кој го води случајот вели дека поради специфичноста на случајот ќе им треба време за да донесат одлука околу целата ситуација.

Коментари

Популарно