ВИДЕО од ноќното отстранување на споменикот на Ќосето

По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби донесоа решение дека се работи за дивоградба, соопштија денеска од општина Центар во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје.

При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, се наведува, е констатирано дека спомен-обележјето не е поставено на одобрената микролокација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Од општината посочуваат дека одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28 декември 2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период.

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја..

Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14 јули 2014 година, информираат од општина Центар.

Градоначалникот Шилегов, на конференцијата за новинарите изјави:

-  Споменикот е незаконски поставен и затоа ќе преземаме и слични дејствија,  но не наведе кои. Шилегов рече дека екипи на Градот Скопје за да не предизвикаат застој во одвивањето на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници кај Врховниот суд, рано изутрината го отстраниле бесправно поставениот споменик.

На местото на постаментот ќе биде засадено дрво од Нирнберг и ќе биде поставена плоча за заштита на човековите права.

Коментари

Популарно