Денеска облачно, но невремето доаѓа во...

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и суво со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне ќе има услови за претежно слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време, облачно и суво со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во сабота ќе се задржи облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Од недела се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините значително зголемување на истата.

Коментари

Популарно