ВИДЕО: Го тепале своето бебе толку многу, па морале да му ги ампутираат нозете

46-годишниот Тони Смит и неговата 24-годишна партнерка Џоди Симпсон од Кент во Велика Британија, добиле казна затвор од 10 години како резултат на злоставување на сопственото дете. Малото дете пак, кое го носело името на својот татко за малку ќе починело од сепса.

Домот во кој семејството живеело бил ужасен, а низ целиот стан биле расфрлени валкани алишта, а во детското креветче пак имало ѓубре. Покрај обидот за убиство Тони и Џоди биле осудени и поради суровост кон детето, бидејќи не повикувале помош кога на бебето му се слошувало.

“Детето беше сиво, натечено, му откажуваа органите, имаше скршени коски…благодарение на брзата реакција на лекарите животот му беше спасен”, се слушнало на суд.

Повредите од тепањето, влечењето и злоставувањето биле толку тешки што на детето морале да му ги ампутираат двете нозе, а колковите му биле толку оштетени и слаби што можеби нема да може да носи ни протези.

Коментари

Популарно